Ажурирано:

Промптови

Промптови на македонски, по работата што ја имаш. Копирај го, пополни ги заградите и прочитај го одговорот пред да го пратиш.

Ако сакаш цели чекори

Администрација

Мејлови

Ова се предметните линии и по една реченица од секој мејл: [додади текст]. Подели ги на: итно денес, чека одговор, информација. За итните напиши нацрт од 3 реченици. Не праќај ништо.

Сметки од пат

Ова се трошоци: [датум, продавач, износ, валута]. Направи табела со категории (превоз, сместување, храна, друго) и збир по категорија. Означи што не е јасно. Не ја викај табелава готова за сметководител додека не ја проверам.

Примери од оваа област:

Вработување (HR)

Биографии

Барам [позиција] во [град]. Ова е огласот: [додади текст]. Ова се кратките биографии: [додади текст]. Направи табела: име, дали ги исполнува задолжителните услови, една реченица зошто, и што да го прашам. Не отфрлај човек само поради возраст или пол. Јас одлучувам кого ќе повикам.

Правила

Имам [дејност] со [број] вработени. Ова се правилата што ги кажувам усно: [додади текст]. Направи нацрт на кратки правила за работниот ден, до една страница, на македонски. Означи што треба да го види сметководител или правник пред да го залепам на ѕид.

Примери од оваа област:

Е-трговија

Статус на пратка

Купувач прашал каде му е пратката. Нарачката: [број, датум, статус, град]. Напиши краток одговор на македонски, за Viber, со она што го знаеме и без ветување датум што го нема во податоците. Ако недостасува нешто, кажи што да проверам.

Опис на производ

Ова е производот: [име, материјал, мерка, цена во денари]. Напиши опис до 80 збора за онлајн продавница и 5 точки што купувачот ги прашува. Не додавај својство што не ти го кажав.

Примери од оваа област:

Закажување и здравство

Потсетник

Пациентот има термин на [ден и час] за [услуга, без дијагноза]. Ординација: [име, адреса]. Напиши SMS до 300 знаци, на македонски. Без здравствени податоци и без совет за лек.

Објаснување

Ова е стручната реченица што сакам да ја кажам со прости зборови: [додади текст]. Преведи ја на јазик за пациент, до 6 реченици. Не додавај дијагноза што ја нема во мојата реченица. На крај означи што мора да го кажам јас, не текстот.

Примери од оваа област:

Корисничка поддршка

Чести прашања

Ова се правилата на мојата фирма: работно време [часови], адреса [адреса], како се нарачува [кратко], што не работиме [кратко]. Напиши одговори на 10 најчести прашања, кратко, на македонски, како што би одговорил јас на Viber. Ако прашањето не е покриено, кажи „ќе проверам“ наместо да измислиш.

Лут клиент

Клиентот напиша: [додади текст]. Напиши одговор до 6 реченици. Прво признај го проблемот ако е наш, па кажи што можам да направам денес. Без празно извинување и без попуст што не го одобрив.

Примери од оваа област:

Маркетинг

Објава

Имам [дејност] во [град]. Оваа недела сакам да кажам: [една реченица]. Тон: [топол, краток, без извичници]. Напиши 3 објави до 400 знаци, на македонски. За секоја дај и една реченица што визуелно да стои на сликата. Не ветувај попуст што не го кажав.

Билтен

Ова се три работи што се случија кај нас оваа недела: [додади текст]. Направи краток билтен: наслов, 3 пасуси и една реченица на крај што бара одговор. На македонски. Јас ќе го пратам.

Примери од оваа област:

Маркетинг и агенции

Прв предлог за клиент

Клиентот е [дејност] во [град]. Сајт: [адреса]. Цел на кампањата: [пораки, повици или посети]. Направи една страница предлог: кому му зборуваме, 3 пораки за оглас, и што не знаеме па мора да прашаме. Не ветувај цена по контакт.

Нов наслов

Оваа страница има наслов: [наслов]. Содржината е за: [една реченица]. Дај 5 нови наслови до 60 знаци и 5 описи до 150 знаци, на македонски. Не ветувај резултат што го нема во текстот.

Примери од оваа област:

Набавки

Споредба на понуди

Ова се понудите што ги добив: [додади добавувач, цена, рок, што е вклучено]. Направи табела и кажи која понуда е најјасна, која има дупка, и што да прашам пред да нарачам. Не избирај ти победник наместо мене.

Попис

Ќе ти дадам список или опис на стока: [додади текст]. Направи табела: ставка, количина, единица, забелешка ако нешто не е јасно. Не додавај ставки што ги нема во списокот.

Примери од оваа област:

Недвижности

Прв одговор до купувач

Купувач праша за стан: [населба, квадрати, цена во евра, кат]. Она што го знам: [додади текст]. Она што не го знам: [додади текст]. Напиши одговор на македонски, до 120 збора. Не пополнувај ги празнините со претпоставка. На крај предложи термин за разгледување што јас ќе го потврдам.

Оглас

Ова се белешките за станот: [додади текст]. Направи оглас до 150 збора на македонски и 5 точки. Не пишувај „итно“ и не додавај греење, лифт или паркинг ако го нема во белешките.

Примери од оваа област:

Образование

План за час

Предмет [предмет], одделение [одделение], тема [тема], траење [минути]. Направи план: цел, три активности, едно прашање за проверка. На македонски. Не ставај оценка и не спомнувај ученик по име.

Порака до родител

Сакам да кажам: [факт што јас го знам, без дијагноза]. Тон: спокоен. Напиши порака до 100 збора, на македонски, со „Вие“ кон родителот. Не додавај проблем што не го кажав.

Примери од оваа област:

Правни работи

Прв преглед

Ова е договор: [додади текст]. Извади табела: рок, парична обврска, казна, и кој што должи. Означи ги речениците што не ти се јасни. Не ми кажувај дали да потпишам.

Прашања за адвокат

Сакам да потпишам [тип на договор] за [кратко што е работата]. Напиши 8 прашања што да му ги однесам на адвокат, на македонски. Не пишувај правен совет како да е готов одговор.

Примери од оваа област:

Продавници и малопродажба

Опис

Продавам [производ] во [град]. Материјал и мерка: [додади текст]. Цена: [денари]. Напиши опис до 60 збора за Google и една реченица за приказна на Instagram. Не додавај „рачно“ или „органско“ ако не го кажав.

Цена

За еден [производ] трошам: материјал [денари], време [минути], амбалажа [денари]. Сакам да останам со [денари] по парче, пред данок. Покажи ја пресметката чекор по чекор и кажи која бројка недостасува. Не заокружувај на убава цена без да кажеш.

Упатство на каса

Купувачите секогаш прашуваат: [3 прашања]. Одговорите се: [додади текст]. Направи картичка што можам да ја испечатам, со кратки реченици, на македонски. Без вовед.

Примери од оваа област:

Продажба

Прв мејл

Имам [дејност] и им пишувам на [тип на фирма] во [град]. Она што го нудам: [една реченица]. Напиши прв мејл до 120 збора, на македонски. Почни од поентата, без воведен поздрав. Едно јасно прашање на крај. Не измислувај заеднички познаник.

Потсетник по понуда

Пред [број] дена испратив понуда за [услуга], износ [денари]. Нема одговор. Напиши потсетник до 70 збора. Не се извинувај што потсетуваш и не снижувај ја цената.

Примери од оваа област:

Производство и земјоделство

Белешки во табела

Ова се белешки од нива или од производство: [додади текст]. Направи табела: датум, култура или производ, што е направено, проблем. Ако некој ред е нечитлив, остави го празен и означи го. Не дополнувај од памтење.

Мејл до купувач

Сакам да му пишам на [маркет или партнер] за [производ]. Факти: [количина, пакување, град]. Напиши мејл до 120 збора, краток, на македонски. Без пофалба за себе и без бројка што не ти ја дадов.

Примери од оваа област:

Ресторани и угостителство

Рецензија

Имам ресторан во [град]. Ова е рецензијата: [додади текст]. Напиши ми одговор до 5 реченици, љубезен, без изговор ако грешката е наша. Ако рецензијата е нејасна, кажи што да прашам. Не објавувај ништо.

Цени

Ова е моето мени со цени во денари: [додади текст]. Направи табела: јадење, моја цена, дали ми изгледа ниско или високо, и што да проверам кај добавувачот. Не менувај го менито и не измислувај туѓи цени.

Објава за денес

Денес во ресторанот имаме [јадење] и работиме до [час]. Напиши една објава за Instagram и една кратка порака за Viber, во тон на мал семеен локал. До 400 знаци секоја. Јас ќе изберам дали ќе ги пуштам.

Примери од оваа област:

Сметководство и финансии

Сметки во табела

Ова се сметки и фактури: [додади датум, продавач, износ, дали има ДДВ]. Направи табела: датум, продавач, износ во денари, ДДВ, категорија (гориво, канцеларија, стока, друго). Означи ги редовите што не можеш да ги прочиташ. Не пресметувај данок за предавање.

Прашање за сметководител

Ова ми се случи во фирмата: [две реченици]. Не сакам правен совет за клиент, сакам јасни прашања. Напиши 5 прашања што да му ги однесам на сметководителот, на македонски, без да измислиш член од закон.

Потсетник за неплатено

Клиентот [име] должи [износ] денари по фактура [број] од [датум]. Напиши краток потсетник на македонски, учтив, со износ и фактура. Без закана. Јас ќе го пратам.

Примери од оваа област:

Услуги и занаети

Понуда

Клиентот бара [услуга] во [град или населба]. Опис: [додади текст]. Мојата цена е [износ] денари, рок [дена]. Напиши понуда на македонски, до една страница: што е вклучено, што не е, цена и рок. Не додавај гаранција што не ја кажав.

Одговор кога не можеш да се јавиш

Мајстор сум и често не можам да се јавам додека работам. Напиши кратка порака за пропуштен повик и три прашања што да му ги пратам на клиентот на Viber: што му треба, каде, и кога е слободен. Без ветување термин.

Примери од оваа област:

Хотели и туризам

Одговор до гостин

Гостин праша: [додади текст]. За објектот важи: пријавување [час], појадок [да или не], паркинг [да или не], адреса [адреса]. Напиши одговор на македонски, до 80 збора. Ако прашањето е за слободна соба, кажи дека ќе провериш во системот, не измислувај достапност.

Краток опис

Ова е вистината за објектот: [тип, место, што има, што нема]. Напиши опис до 120 збора за сајт и 5 кратки одговори за Booking прашања. Не ветувај поглед, базен или клима ако го нема во белешките.

Примери од оваа област: