Алатки
Ажурирано:
Овде се алатките што се појавуваат во барем еден пример. Има 18 алатки, подредени по тоа за што служат. Цена со бројка не пишуваме, зашто се менува. На секоја има линк до официјалниот сајт.
18 алатки
Чет, кога ти треба текст
Пишуваш задача, добиваш нацрт. Добар прв чекор ако досега не користиш AI.
- ChatGPTЧет-асистентот на OpenAI. Пишуваш што ти треба, добиваш текст, идеја, табела или превод. Ако не знаеш од каде да почнеш, ние би почнале тука.29
- ClaudeAI-асистент од Anthropic. Добар е за долги документи, анализи и уредни текстови.16
- GeminiAI-асистентот на Google. Има најмногу смисла ако веќе работиш во Gmail, Docs и Sheets, затоа што е вграден таму.15
- CoCopilotAI-асистентот на Microsoft, вграден во Word, Excel, Outlook и Teams. Има смисла ако фирмата веќе работи на Microsoft 365.1
Агенти што одат по задача
Им даваш цел, а тие отвораат алатки и спремаат работа. Прегледај го резултатот пред да стигне до клиент.
- Grok BotAI-агент од xAI, фирмата зад Grok. Има свој компјутер во облак, се најавува во твоите алатки и сам ја завршува задачата, а те прашува пред важните чекори.27
- Claude CoworkClaude што работи на твојот компјутер. Му даваш папка и задача, тој сам ги средува датотеките, табелите и документите.7
- OCOpenClawБесплатен агент со отворен код што го пушташ на свој компјутер. Му пишуваш на Telegram или WhatsApp, а тој работи за тебе. Бара малку техничко знаење.4
- MnManusAI-агент што од една задача сам истражува, пишува и прави мали веб-страници. Сега е дел од Meta и е вграден и во Meta Ads Manager.3
- LnLindyПлатформа за AI-асистенти без код, за мејлови, состаноци и CRM. Ги склопуваш од готови делови, без програмер.3
- MMMeta MuseЛичен AI-агент од Meta. Му пишуваш во апликацијата или на WhatsApp и тој сам завршува работи во твоите сметки. Засега е достапен само во САД.2
Автоматизација
Поврзуваш две апликации за да се повторува истата работа без тебе.
За код и за програмери
Кога некој треба да вгради модел или да смени код. Не ти треба ако само сакаш текст.
Глас
Од текст прави глас, или прима повици. Слушни го гласот пред да го чуе клиент.
Направени кај нас
Алатки од Македонија што веќе се во некој пример.
Чести прашања
Зошто некоја алатка ја нема?
Страница добива алатка што е во барем еден пример од библиотеката. Сопствен агент и алатки без свое име ги гледаш на самиот пример, без посебна страница.
Зошто нема цени?
Се менуваат. Не сакаме да ти оставиме стара бројка. На секоја алатка има линк до официјалниот сајт, и таму ја гледаш понудата.
Дали сите работат на македонски?
Не за сите. Кај чет-алатките пишуваш на македонски и го проверуваш текстот. Кај останатите, на страницата пишува само она што го знаеме.