← Назад кон примерите

Насловновобр. 02

Мала фирма за уредување дворови со Claude ја скратила канцелариската работа од 16 на 6,5 часа неделно

Од гласовна белешка од теренот AI пишува нацрт-понуда, па клиентот ја добива уште истиот ден наместо по три до пет дена.

Категорија
Услуги и занаети
Алатка
Извор
contractortoolshop.com (се отвора во нов прозорец)

Што направиле

Фирмата има четири луѓе и еден камион, а канцелариската управничка по два дена неделно трошела на телефон, мејлови, понуди и фактури. Понудите заминувале три до пет дена по увидот, па губеле околу една од пет работи од конкуренти што праќале побрзо. Сопственикот ѝ го поставил и почнале со една задача: преформулирање на лутите мејлови од клиентите. Потоа таа почнала на секој увид да снима гласовна белешка, да ја дава на Claude заедно со цените и да ја проверува нацрт-понудата пред да ја прати.

Резултат

Според сопственикот, за 90 дена администрацијата паднала од околу 16 на околу 6,5 часа неделно, а понудите заминуваат истиот ден. Кај работите под 10.000 долари договорени биле околу 58% од понудите наместо 40%. AI-от чини 20 долари месечно. Не тргнало сѐ како што треба уште „од прва“. Првиот промпт бил премногу општ и понудите што ги давал не биле како што треба. Исто така, кога ѝ дале на управничката четири задачи одеднаш да ги „хендла“ преку Claude, таа добила аверзија и два дена не го користела.

На што да внимаваш

Ова е објава на самиот сопственик, на сајт што продава AI-услуги за мајстори, па бројките се негова проценка. Воведувај по една задача, не четири одеднаш.

Пробај и ти

Сними гласовна белешка на увидот и претвори ја во текст: Ова е белешка од увид кај клиент: [додади текст]. Моите цени се: [додади ги цените по м² или по работа]. Напиши нацрт-понуда со ставки, количини, цени, вкупен износ со ДДВ 18% и рок на изведба. Не измислувај ставки што ги нема во белешката, а ако нешто недостасува, напиши прашање за клиентот.

Кај нас

Мајсторите кај нас за поплочување, фасади или дворови често праќаат понуда на Viber по неколку дена. Понуда истиот ден од гласовна белешка ти дава предност пред конкуренцијата.

Алатки во овој пример

Отвораме наскоро

Сакаш вакво нешто во твојот бизнис?

Ние го поставуваме кај тебе, а ти само го користиш.